Македонија доби високи оценки

Bez autora
Dec 24 2012

Македонија е исклучително добро оценета и рангирана во најновиот годишен извештај на ИБМ "Глобал локеишн трендс - 2012", кој се осврнува на глобалните трендови во економијата. Според заклучоците во анализата, Македонија има најзначаен напредок на глобално ниво во однос на претходната година според создадени работни места по жител (пораст 271%). Ова се смета за поголем напредок од сите други земји, каде Србија е втора со напредок од 104%. Според бројот на создадени работни места во 2011 година на 100 000 жители, пак, земјата е рангирана на деветто место пред земји како Британија, Бугарија, Белгија, Мексико итн. Во однос на трендовите се забележува поместување на инвестицискиот фокус, кој во минатото се движел од Централна Европа кон Југоисточна Европа, а сега клучната инвестициска активност е насочена кон земјите од Западен Балкан.

Македонија доби високи оценкиМакедонија е исклучително добро оценета и рангирана во најновиот годишен извештај на ИБМ "Глобал локеишн трендс - 2012", кој се осврнува на глобалните трендови во економијата.

Според заклучоците во анализата, Македонија има најзначаен напредок на глобално ниво во однос на претходната година според создадени работни места по жител (пораст 271%). Ова се смета за поголем напредок од сите други земји, каде Србија е втора со напредок од 104%. Според бројот на создадени работни места во 2011 година на 100 000 жители, пак, земјата е рангирана на деветто место пред земји како Британија, Бугарија, Белгија, Мексико итн.

Во однос на трендовите се забележува поместување на инвестицискиот фокус, кој во минатото се движел од Централна Европа кон Југоисточна Европа, а сега клучната инвестициска активност е насочена кон земјите од Западен Балкан. Во овие рамки Македонија и Србија се нагласени како земји со значителен пораст на странски инвестиции за разлика од Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија, кои забележуваат пад на странските директни инвестиции во 2011 година.

Како сектори кои привлекле најмногу странски инвестиции во Македонија се издвоени: електроника и електронска опрема, текстилната и фармацевтската индустрија. Како што стои во Извештајот, причините за настанатите промени се значителното подобрување на бизнис-климата во земјите од Западен Балкан и зголемувањето на оперативните трошоци во земјите од Централна и Југоисточна Европа.

ИБМ е бизнис истражувачка компанија која се фокусира на менаџерските и економски прашања. Има канцеларии во Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Африка и САД. Публикува помеѓу 35 и 50 студии и анализи секоја година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik